АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
Асистентот за продажба има клучна улога во создавањето на пријатно искуство за потрошувачите при купувањето. Една од клучните задачи е поздравување и услужување на потрошувачите од моментот кога тие ќе влезат во продавницата. Од асистентите за продажба се очекува да ги советуваат потрошувачите и да одговорат на нивните прашања и барања - од достапност на артикли и детали за специјални понуди, сѐ до цена на продуктите. Имајќи предвид дека ова е клучен дел од работата, суштински е важно асистентите за продажба да имаат големо познавање за артиклите како би можеле да дадат колку е можно повеќе информации на заинтересираните купувачи.
Клучни работни задачи на асистентот за продажба:
- Поздравување на потрошувачите кои пристигнуваат во продавницата.
- Давање информации за специјални промоции, карактеристики на продукти и цени.
- Помош на потрошувачите при пронаоѓање на продуктите и артиклите кои ги бараат.
- Одговорен за наплата во готово и со платежна картичка.
- Дополнување на продавницата со роба.
- Одговарање на побарувања на потрошувачите.
- Советување и давање насоки на потрошувачите во однос на избор на продукт.
- Одржување на редот и хигиената во продавницата.
- Работење во рамки на однапред утврдените насоки за продажба и давање упатства за визуелна презентација и продажба.
- Прием и складирање на роба.
- Следење н новости и тековни информации за специјални промоции и менување на излози.
ВЕШТИНИ И ИНТЕРЕСИ
(Барања)
- Работно искуство во модна малопродажна индустрија
- Високо развиени комуникативни вештини и способности
- Способност за работа со потрошувачи
• Тимска работа
• Лично задоволство во работа со Клиенти и потрошувачи
• Љубезен однос и деловни манири