Во розова ќе се чувствуваш фантастично!

Овогодинешната пролет почести ја женската моќ со силна розова боја, која е несомнено бојата на сезоната. Заборави на бајките за немоќните принцези во розови фустани.

Розовата боја значи смиреност, рамнотежа, пријателство и топлина. На светот му кажува дека си во контакт со себе и во својата кожа се чувствуваш одлично.

Жените со стил избираат само тоа што им е напишано на кожата. Затоа модните ентузијастки имаат барем едно модно парче во плакарот во розова боја.

Избери ги своите must have розови парчиња во продавниците на Tom Tailor и храбро создавај пролетни модни комбинации!