Пролет која ве прегрнува со зеленило и цвеќиња

Оваа пролет нè радува со модни парчиња во смирувачки зелени нијанси. Секако, не заборавајте на цветниот дезен кој ќе донесе разиграност и женствена леснотија во вашите модни комбинации. Температурите се сè повисоки и време е да направите простор за фустани и здолништа, маици и блузи со кратки ракави - модни парчиња во кои ќе заблескате во потоплиот дел од годината.