Правила и Услови

1. ОПШТО

Овие општи правила ги одредат условите за пристапување во ТОМ ТЕЈЛОР Клубот за известувања.

Секој поединец може да стане член на Клубот по пополнувањето на формуларот на веб-страницата или во било која од продавниците на ТОМ ТЕЈЛОР.

 

2. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТ И ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИ

Со пријавување за онлајн новости (онлајн, во рамки на нашата веб страна или во продавниците), од Вас ќе биде побарано да ни го доверите вашите лични податоци: е-меил адреса, име, презиме, датум на раѓање, пол, адреса на живеење, поштенски број, град и телефонски број. При пријавување во продавница, со вашите податоци ќе раководи овластеното лице во самата продавница.

Податоците кои ги внесувате во онлајн формуларот (или ва хартиена форма во рамки на продавницата) или ги доверувате на овластеното лице во продавницата, ќе се користат само за: информации за тековни промотивни понуди, нови производи, наградни игри, специјални понуди на нашата интернет страница и за анализа на купувачките навики.

  • Вашата е-меил адреса ќе се користи само со цел да Ве информираме за тековната понуда, нови производи, наградни игри и специјални понуди преку е-меил адраса;
  • Вашето име и презиме ќе се користат исклучиво за персонализација на електронската пошта за тековната понуда, нови производи, наградни игри и специјални понуди;
  • Полот и датумот на раѓање ќе се користат само со цел да ви доставуваме најсоодветни известувања во врска со модните колекции и облеката;
  • Адресата на живеење, поштенскиот код и градот ќе се користат за да Ве информираме за нови промотивни понуди, нови производи, наградни игри и специјални понуди во Том Тејлор продавницата која се наоѓа најблиску до вашето место на живеење;
  • Вашиот телефонски (мобилен) број ќе се користи само за да Ве информираме за тековна промотивна понуда, нови производи, наградни игри и специјални понуди преку испраќање на СМС пораки.

 

Вашите лични податоци нема да бидат пренесени на трети лица. Информациите се зачувуваат додека не се откажете / одјавите од услугата за добивање на известувања преку електронска пошта. Можете да се одјавите од e-билтенот во секое време, со кликање на обележаниот линк во добиената електронска пошта, или со испраќање на електронска порака на нашата е-маил адреса на:

info@tom-tailor.mk

 

* Компанијата ТОМ ТЕЈЛОР ДООЕЛ Скопје и нејзините договорни обработувачи ќе можат да ги поврзат податоците што ги доставувате со податоците за набавките и трансакциските податоци, кои ќе бидат следени преку идентификациски елементи (корисничко име и лозинка во електронската продавница или идентификациски код во продавниците). Сите податоци за набавките ќе бидат задржани во базата на податоци во компанијата Tom Tailor Lesce d.o.o и/или кај своите договорни обработувачи на лични податоци. Сите податоци ќе бидат редовно анализирани, а  операторот на базите со лични податоци ќе ги користи за сегментација, подготовка на персонализирани/индивидуални понуди, проучување на навиките за купување, истражувања, распределба на дополнителни бенефиции и директен и персонализиран маркетинг. Податоците за контакт исто така ќе се користат и за известувања за промотивни понуди и други активности.

 

3. КОРИСНИЧКИ ПРАВА

Во согласност со важечкото законодавство за заштита на податоците, корисниците генерално ги имаат следните права:

  • Право на информираност за вашите лични податоци кои ги зачувуваме;
  • Право да барате корекција, бришење или ограничена обработка на вашите лични податоци;
  • Право на приговор за обработка на податоците за наш легитимен интерес, јавен интерес или истражување на пазарот, освен доколку не се докаже дека постојат итни, оправдани причини кои ги надминуваат вашите интереси, права и слободи или доколку таквата обработка на податоци е неопходна за извршување и спроведување на законските барања;
  • Право на преносливост на податоци;
  • Право да поднесете жалба до надзорниот орган за заштита на податоци;
  • Можете да ја повлечете својата согласност за собирање, обработка и користење на вашите лични податоци во секое време. За повеќе информации, погледнете го поглавјето погоре, во кое е опишана обработката на податоците врз основа на вашата согласност.

 

За да ги остварите вашите права, можете да го контактирате службеникот за заштита на податоци со испраќање на е-меил или допис на:

info@tom-tailor.mk или, директно на нашата поштенска адреса:
ТОМ ТЕЈЛОР ДООЕЛ СКОПЈЕ
Владимир Полежиновски 27/1
1.000 Скопје, Центар,
Македонија

 

Организаторот се обврзува да ги обработи сите лични податоци во согласност со важечкиот закон за заштита на личните податоци и само за целите за кои се добиени.

 

Вашите податоци ќе бидат зачувани на серверите на изведувачот, а податоците може да бидат доставени до договорните обработувачи на податоци на контролорот на базата со лични податоци, кој ги обработува податоците на учесниците за сметка и во име на контролорот, исклучиво за целите наведени погоре. Договорните обработувачи на податоци се и Компании кои испраќаат СМС/ММС пораки до корисници; Компании кои нудат печатарски услуги; Компании за одржување на софтвер и бази на податоци; сите останати компании кои склучуваат Договор за Обработка на Лични Податоци кај контролорот.

 

Сите партнери кои имаат пристап до личните податоци се посветени на внимателно управување со податоците во согласност со европското законодавство.

 

4. ДРУГИ ОДРЕДБИ

Организаторот не презема никаква одговорност за:

  • Недостапност на услугата како резултат на злоупотреба или незнаење во однос на користењето на услугите;
  • Недостапност на услугата поради проблем со мрежата на договорните партнери, недостаток на електрична енергија или друга техничка попреченост, која може привремено да влијае врз користењето на услугата;
  • Било какви несакани последици што учесниците би ги претрпеле како резултат на учество во наградната игра;
  • Било какви последици од користењето на наградите.

 

Организаторот не превзема никаква одговорност за било какви несакани последици што ќе ги претрпат учесниците поради пријавувањето во клубот за известувања.

Организаторот не сноси никакви трошоци што може да настанат кај учесниците поради пријавувањето во клубот за известувања.

Одлуката на организаторот и изведувачот за сите прашања во врска пријавата на клубот за известувања и правилта поврзани со него, е конечна и се однесува на сите учесници.

Во случај на евентуално настанати спорови кои произлегуваат од пријавувањето во клубот за известувања, а не можат да се решат по пат на заеднички договор (спогодба), надлежен е судот во Скопје.

Организаторот го задржува правото да ги промени правилата, доколку тоа е потребно заради техничка или комерцијална природа или причини поради јавноста. Организаторот ќе ги извести учесниците за било какви промени и новости.

 

5. ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА

Правилата се објавуваат на веб-страницата www.tom-tailor.mk

Правилата стапуваат на сила на денот на објавувањето.