Ги бришеме границите меѓу елеганцијата и спортските трендови

Оваа пролет ги бришеме границите меѓу елегантните и спортските алишта.

Со спортските јакни ги комбинираме удобноста и модните трендови и создаваме безброј можности за нови модни комбинации.

Спортската јакна ќе се вклопи совршено со твоите омилени фармерки и со опуштена трендовска маица. Од друга страна, пак, со спортската јакна, во комбинација со бела кошула и со темни панталони, можеш да создадеш модерен и урбан деловен изглед.

Без разлика што ќе одбереш, ќе ја направиш вистинската одлука! ;)