Пролетта е време за промена

Како тебе, и модниот свет е во постојано движење.
Со доаѓањето на пролетта, време е за реорганизација на гардероберот.

Ослободи се од старата енергија што те спречува да зачекориш во новиот период без обжалување. Нека задува свежиот ветер.

Дали во плакарот ти се собираат стари парчиња облека, кои веќе долго не ги носиш, кои ти се преголеми или премали или едноставно не се соодветни за тебе?
Зошто не ги подариш и со тоа да им го збогатиш гардероберот на своите пријатели?
 

img

 

dress

 

Дали твојот омилен фустан веќе некое време е скинат, но едноставно немаш време да го поправиш?
Среди го и тоа, договори се за поправка кај кројачот, подари му на фустанот уште еден живот, а себеси многу нови авантури со него.
img
 

Време е да ја спакуваш и зимската гардероба, да се збогуваш со дебелите алишта и со зимската јакна, затоа што сега на ред доаѓаат полесните и елегантни парчиња.
Не пакувај ги сè уште актуелните џемпери, кои совршено ќе одговараат под пролетните мантили, истовремено дополни ја гардеробата со полесни, потенки џемпери и кардигани.
img
 
 
Парчиња плетена облека, кардигани или кошули чекаат да ја добијат својата моќ во комбинација со непогрешливиот деним.
img

 


Секако, не заборавај да ги проветриш чевлите и модните додатоци?
Колку долго веќе зборуваш дека мора да се ослободиш од старите и износени чевли и да направиш простор за новата пролетна колекција?
Исто така, направи простор за шик шапка и за нова #musthave чанта.

 

Уреден плакар, исто така, значи средени и мирни мисли.
Кога, ако не сега? Нека започне пролетта!